АКТИВНОСТИ

Активности кои ги превзема и планира да ги реалиира Здружението на граѓани за лица со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА се:
Едукација на луѓето со епилепсија, нивните семејства и пошироката заедница за медицинските и социјалните аспекти на епилепсија. Во тој контекст досега реализирани се повеќе трибини, дебати и јавни настапи.
Поттикнување на дружење, размена на знаења и искуства на луѓето со епилепсија, нивните родители, роднини и пријатели. Имаме остварено неколку активности каде овие лица меѓусебно се дружат и разменуваат искуства и знаења.
Објавување на книги и брошури, аудиовизуелни и електронски материјали.Имаме издадено две брошури, „Епилепсија, да се живее со неа“ и „Македонската современа фитомедицина при третман на епилепсија“, снимен е спотот „Да се обидеме да ги запознаеме“
Организирање  состаноци и семинари за различни медицински и социјални аспекти на епилепсијата.
Размена на информации за социјалната и здравствена заштита на лицата со епилепсија со слични организации на локално, национално и меѓународно ниво.
Истражување на медицинските и социјалните аспекти на епилепсија.
Одбележување на „Виолетов ден“ – за поддршка на лицата со епилепсија. Овај меѓународен ден го одбележуваме се помасовно и во Македонија, се со цел да ги поддржеме лицата со епилепсија.

Дел од активностите можете да погледате ТУКА

 



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.